Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ носи логичен наслов. „Проверено“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Скопје кој масовно беше посетен и покрај силниот дожд.
Тој најави огромен број на крупни проекти и реформи од новата програма со која ќе настапат на претстојните парламентарни избори.
„Најголем дел од неа се однесува на економијата, на оние кои се поврзани со економијата. Таа е сеопфатна, но најголем акцент е на економијата. Гарантираме најмалку 30 нови фабрики во слободните економски зони низ Македонија. Програмата предвидува 64.000 нови работни места, за по 4 години да имаме во регистарот 64.000 повеќе вработени и 64.000 помалку невработени. Тоа значи намалување на невработеноста на околу 22 %, за 6 проценти поени до 2018 година, “- истакна Груевски.