Извршила две џебни кражби пред шалтерите во Клиничкиот центар

СВР-Скопје-ЕОК-ОИД-отсек за џепни до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето С.С.И. (47) државјанин на Република Бугарија затоа што извршила две кривични дела – “кражба“.

На почетокот на месецов, односно на 02.04 со намера за себе да прибави противправна имотна корист пријавената во претпладневните часови во Клинички центар “Мајка Тереза“ извршила две кривични дела кражба. Кривичните дела ги извршила на тој начин што го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи на оштетените и еден мобилен телефон.

По извршените кражби пријавената ги земала парите, паричниците заедно со личните документи ги фрлила а мобилниот телефон го задржала за себе. Со платежната картица, сопственост на една од оштетените се обидела да извади пари меѓутоа по неуспешната трансакција на банкоматот картицата ја фрлила, меѓутоа во тој момент била забележана со страна на Полициски службеник била легитимирана и приведена во ПС Центар. Со потврда за привремено одземени предмети од С.С.И. одземени се пронајдените предмети кај неа и со потврда тие се вратени на оштетените.