Јанев: СДСМ како партија покажа и докажа дека нема ниту волја ниту капацитет да води град, а камоли држава

Пред нас имаме претседателски и парламентарни избори на кои сите треба да ја покажеме подготвеноста, посветеноста и вистинската желба да се одлучува, да се работи и сработи за доброто на градот Охрид, за доброто на нашата држава Македонија, за доброто на својот народ. Познати се заложбите на ВМРО ДПМНЕ во таа насока. Вака ја започна денешната прес конференција советникот и заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев.

„Насоката  е единствена: Создавање подобра иднина, домаќинско работење и водење сметка за граѓаните. Отчетност. Од другата страна  ја имаме партијата,  СДСМ: За 8 годишното владеење со Охрид,  СДСМ како партија покажа и докажа дека нема ниту волја ниту капацитет да води град, а камоли држава. Партија која сега залудно се обидува да ги убеди граѓаните на Охрид дека сите други се криви за Охрид, дека сите проблеми биле од порано. Начинот на нивното управување содржан преку примерите и фактите за неодговорно владеење покажува  дека СДСМ не е никаква опција за иднината на Македонија.“ истакна Јанев.

Во таа насока, рече Јанев кога градот Охрид е во прашање, тој потсети на  дел од бројките за ИСПЛАТЕНИ РАСХОДИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ОХРИД за период 2005-март2013:

„2005-743.572,00 денари

2006-1.521.331,00 

2007-2.268.630,00

2008-3.761.411,50

2009-3.425.516,00

2010-3.114.435,00

2011-4.196.735,50

2012-6.593.415,00

2013 (до 04.04.2013) – 1.341.943,00

Ова е примерот, еден од многуте, како СДСМ се однесувал и се однесува  кон средствата на граѓаните на Охрид, како СДСМ практикувал владеење и што за СДСМ значи да се биде на власт. Ова е примерот да се трошат, потрошат и преттрошат парите на граѓаните на преубавиот Охрид за луксузи и сопствен хедонизам.  Таков СДСМ не е потребен ниту на  Македонија, ниту на градот Охрид. “ рече Јанев и додаде: 

„Граѓаните на Охрид никогаш повторно нема да им дадат поддршка. Граѓаните на Охрид знаат да ја направат и да ја видат ОГРОМНАТА разлика.“– заврши Јанев.

WebOhrid