Дамоска Секуловска: Со денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја покажа својата безидејност

И покрај тоа што, кога ја презеде функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев најави (цитирам): „Мојата намера е во СДСМ да се сменат работите за 180 степени за да фатиме чекор со времето и новите текови“ (затворен цитат) очигледно е дека сѐ што направи Томислав Тунтев во претходниот период е оставање на работите во партијата на потполно исто ниво, но обезбедување за себе добитно место на пратеничката листа на СДСМ, чиј што изборен слоган за овие парламентарни избори е, замислете, „Промени за нов почеток“ обвини на денешната прес конференција, советничката од ВМРО-ДПМНЕ,  Јованка Дамоска Секуловска.

„Мораме да прашаме, каков симбол на промени претставува Томислав Тунтев и каков нов почеток ваквите кадри нудат на Република Македонија? Дали со вакви кандидати СДСМ на Република Македонија и нуди промени кои ќе значат, не дај Боже, уништување и разнебитување на државата, онака како што СДСМ во Охрид преку ваквите кадри изминатите 8 години систематски го уништуваше и разнебитуваше нашиот град? Советникот во Советот на Општина Охрид, координаторот на мнозинската советничката група на СДСМ и Заменик градоначалникот на Александар Петрески во годините кои што, за среќа, ги оставивме зад нас, Томислав Тунтев имаше и тоа какво влијание врз управувањето со  Охрид кои нашиот прекрасен град го направија најголем должник во републиката без пандан во ниту една друга општина, со јавни претпријатија оставени во финансиска бездна, град кој преживеа урбано дивеење и финансиско расипништво од невиден обем.“- истакна Дамоска Секуловска.

Таа рече дека како партија повеќе пати го прашале кандидатот за пратеник на СДСМ како ќе ги објасни трошоците на јавните претпријатија во Охрид потрошени за репрезентација- ручеци покафани и тоа само за 2012 година.

„ЈП Комуналец 10.000 евра (616935 денари)
ЈП Нискоградба 17.100 евра (1.050.029 денари).
ЈП Водовод 1620 000 денари

Или како ќе објасни што ЈП Градски гробишта во периодот од јануари 2011 до март 2013 година за гориво и ресторантски услуги потрошило 14.300 евра (879, 500 денари).

Дали овие средства не можеа наместо на репрезентации да се потрошат на решавање на проблемите на граѓаните на Охрид, почитуван поранешен заменик градоначалник на Охрид и можен иден пратеник во Собранието на Република Македонија? Дали чувстувате одговорност за вашето учество во политиките кои 8 години го девастираа градот? Дали воопшто прашањето кои што се однесуваат за тоа како вашата политичка опција немилосрдно ги трошила парите на граѓаните, според Вас заслужуваат Ваш одговор, објаснување, извинување?“– запраша Дамоска Секуловска и додаде:

 „ВМРО-ДПМНЕ има право да тврди, претседателот на Општинската организација на СДСМ и високо рангираниот кандидат за пратеник на листата на СДСМ во петтата изборна единица може да претставува сѐ, ама промени за нов почеток никако не!Со денешната пресконференција СДСМ уште еднаш ја покажа својата безидејност.Додека ВМРО ДПМНЕ се ориентира кон програмата која брои 2046 проекти СДСМ воопшто не ни има серизона програма не ни се дрзнува да зборува за реализирани проекти.“– рече Дамоска Секуловска

Дамоска Секуловска потенцираше, дека изминало  времето на уцена и заплашување на народот, а тоа најдобро како што рече се покажало и докажало на изминатите Локални избори кога народот се определи за политичката опција ВМРО ДПМНЕ.

„Охриѓани знаат да препознаат проекти, знаат да препознаат реализација на дадените ветувања, знаат дека ВМРО ДПМНЕ создава додека СДСМ во нивно време затвораше фабрики.
Денешниот прес на СДСМ е уште еден очајнички обид за користење на медиумскиот простор во кој освем повторување на нивните небулози не видовме ништо значајно за Охрид и Охриѓани. Тоа само ја покажува нивната незаинтересираност кон она што значи прогрес на нашиот град.“– заврши Дамоска Секуловска.

WebOhrid