Василевски: Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории

На денешната прес-конференција ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид најави тематски пресови, за кои како што рече кандидатот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Сашо Василевски, во следниот четири годишен мандат тие како пратеници и Владата на Р.Македонија ќе ги имплементираат. Социјалната политика беше темата посветена за денешниот прес.

„Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории на луѓе. Чекор кој покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во целост се осврнува на потребите на граѓаните и им овозможува зголемување на животниот стандард. Ако се направи ретроспектива во изминатиот период од 2006 година до денес, јасен е правецот кој се стреми ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на социјалната помош и тоа најдобро може да се согледа преку поставената постојната парична помош за 46%, еднократна парична помош за деца без родители и родителска грижа, со што по полнолетството ја напуштиле установата или го згрижиле семејството и оваа социјална помош се зголемува за 9 пати. Отприлика доаѓа од 20 илјади денари што примале на годишно ниво, оваа помош се зголемила на 120 илјади денари.“ – истакна Василевски.

Василевски рече дека донесена е мерка за вработување на 1600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства и тоа долгорочно невработени повеќе од 10 години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани родителски семејства и лица од семејства од без ниту еден вработен.

„На овој начин им излегуваме во пресрет на оние кои се најзагрозени, и тие да бидат примени на работа и обучени за да се стават во корист на работењето на институциите и да ја обезбедат сопствената егзистенција на сопствениот труд. Ова се само дел од досегашните спроведени активности за подобрување на социјално најранливите категории на луѓе. Во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја зголемува социјалната помош по 5% годишно со исплата почнувајќи од јуни, секоја година. Тоа ќе биде пораст на социјалната помош за следните 4 години, вкупно 21,5%.“ – рече Василевски.

Василевски го претстави како што рече најзначајниот проект, кој тие како пратеници на следната собраниска седница почнувајќи од септември, веруваат дека едногласно ќе биде изгласан.

„Тоа е еднократен отпис на долгови на лица со социјална помош, невработени лица подолго од 12 месеци, кои активно бараат работа и немаат годишен приход повеќе од 100 илјади денари, лица со семејна несреќа, долгови од неплатена електрична енергија, долгови спрема банки, картички и минусни салда, радио-дифузна такса и парно греење.“ – истакна Василевски.

WebOhrid