Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро, со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка .
Пановски потсети на почетоците на институционалната заштита, но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Пановски исто така потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со потребите на енергетските системи на државите , како и грижата за биодиверзитетот и еко системот во целина.
„Охрид и Езерото се од интерес на Меѓународните организации заради природното и културното наследство. Кај нас се уште имаме голем проблем со индивидуалната свест, но и со финансиските можности за решавање на критичните точки.Секој и најмал чекор за подобрување на состојбите е важен. ПРОЕКТИТЕ МОРА ДА ПРЕРАСНАТ ВО ПРОЦЕСИ за да не задоцниме со еколошката реакција.“– истакна Пановски.
Пановски редовно е поканет да учествува на состаноците на работните групи во рамките на ООН во Женева што е признание за долгогодишната работа во оваа сфера, за донесените проекти и за еко дипломатијата како промоција на Охрид и Езерото.