Гогоска: Нашата програма предвидува конкретни и реални проекти во три столба

Како на владеачката гарнитура да не и е јасно дека корицата не ја продава книгата  и дека насловот не кажува многу за содржината.Затоа ги потсетуваме господата од ВМРО-ДПМНЕ дека отчетот на градоначалникот само по кориците народот не го оценува,туку суштината во неговите реализирани работи напишана во многубројните страници, нив ги интересира. Но таа за жал е преоскудна, обвини на денешната прес конференција раководителот на Центарот за комуникации на СДСМ, Христина Гогоска.

„Посочувајки на ситните сработени работи од типот крпење на некоја дупка на улиците или поплочување на некој квадрат земја и презентирајки дека е плоштад е само уште една манипулација дека вие госода нешто сработивте од тоа што ветивте ,но верувајте овој народ добро знае да пресуди кога е изманпулиран.Могу од работите кои се споменати во вашиот отчет како да ја навредуваат интелигенцијата на луѓето, кои верувајте не се наивни да поверуваат на вашите игри со зборови.За да иронијата продолжи, повторно се фалите со некоја нова програма потенцирајки на тоа колку страни таа имала, сакајки со тоа да ја добиете повторно наклоноста на граганите.Па зарем е битно колку страни напишавте?Ако вака продолжите јасно ни е колку вие ке остварите,ке биде дежаву на отчетот а  тоа народот нама по втор пат да си го дозволи.Наспроти вашата тетратка на желби нашата програма предвидува конкретни и реални проекти во три столба.“– рече Гогоска.

Со првиот како што рече Гогоска, предвидуваат да ја вратат средната класа (да понудат економски ситем и економсака политика,политика на прераспределба –даночен систем,полиитика на социјална заштита и праведност).

„Со вториот столб сакаме да ја вратиме слободата а со тоа предвидуваме (демократија и владеење на правото,Македонија без корупција). Со третиот столб инвеститаме во иднината и се осврнуваме на најранливата категорија а тоа се младите кои се почесто ја напуштаат нашата држава или мерка со која младината од Македонија ке работи и живее во својата Македонија.Ова се само дел од дел од предвидените мерки со кои сакаме да потенцираме дека доста ни е од омраза и предрасуди,доста ни се тепачки по училишта,доста ни се поделби и дискриминација.Нашата зедничка цел е слободна и просперитетна Македонија.Но како што доликува на едно демократско општество мора најпрвин да почнеме да с е слушаме и почитуваме како луѓе како соседи.Знаеме што ни треба и како од Македонија да направиме поубаво место за живеење.Затоа почитувани граѓани ајде на 13 Април да ја докажеме спремноста да ставиме крај на оваа понижувачка политика и да му дадеме шанса на човекот кој заслужува да го викаме претседател на нашата држава .“додаде Гогоска

WebOhrid