Николоски: Кинескиот кредит за автопатите се реализира и благодарение на лобирањето на претседателот Иванов

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за 5-тата Изборна единица Александар Николоски денеска на прес-конференција во Охрид ги повика граѓаните, да гласаат за кандидатот за претседате на оваа партија Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов даде отчет за своето работење од кој би ги набројал зачувувањето на македонските национални интереси, на името на Република Македонија, на идентитетот и традицијата, економско зајакнување на државата. Секаде каде што одеше разговараше за подобрување на екомската состојба во РМ и можам до гордост да кажам дека кинескиот кредит за изградба на автопатите во Македонија помеѓу другото се реализира и благодарение на лобирањето на претседателот Иванов, рече Николоски.
 
Тој додаде дека Иванов секогаш беше со народот, преку отварање на канцеларии на претседателот во повеќе градови во Република Македонија.
 
„Претседателот Иванов се залагаше и за модернизација на образованието. Во делот на културата беше традиционален покровител на фестивалите „Охридско лето“ во Охрид и „Браќа Манаки“ во Битола. Го поддржуваше спортот. Со свои одликувања секогаш стоеше зад најдобрите спортисти а редовно е покровител и на Охридскиот пливачки маратон. Во науката го отпочна проектот „Млад научник“, “додаде Николоски.
 
На денешната прес-конференција во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид тој истакна дека и покрај наследениот долг на општината од 50 милиони евра и блокираната жиро-сметка, и градоначалникот Никола Бакрачески успеа за една година да направи, како што рече, многу повеќе отколку што се направило во изминатите осум години во Охрид.
 
„Зачудува што и по една недела од кампањата за парламентарните избори и две седмици од кампањата за претседателски избори, не можеме да ги видиме двајцата кандидати за пратеници на СДСМ на прес. Излегуваат портпаролите на СДСМ, со должна почит кон нив и нивната работа, но охриѓани не можат да ги видат кандидатите за пратеници на СДСМ ниту во јавноста, ниту на прес-конференции“, забележа Николоски.
 
Во врска со денешната прес-конференција во СДСМ, на која оттаму ги најавија трите главни столба од нивната програма, Николовски упати прашање, дали Заев и Шеќеринска спаѓаат во средната класа што планира да ја врати СДСМ во Република Македонија.
 
Извор: Супер радио