Лесно е, да се навлезе во реториката на пласирање навреди, лични дискредитации и спинови, но тоа сигурно не води кон решение на проблемите, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на ОО на СДСМ Охрид, Ѓоко Танасоски.
Тој смета дека би било далеку почесно и попрудуктивно на јавна отворена дебата пред граѓаните на Охрид да ги соочаат своите ставови, мислења и програмските решенија.
„Новата програма на СДСМ не е празна реторика туку чесен, реален добро осмислен и остварлив концепт за подобрување на животниот стандард и враќање на демократските општествени вредности кои ќе и овозможат европска, просперитетната иднина на Македонија. Досегашните политики на актуелната власт допринесоа Република Македонија е длабоко поделено општество по сите основи: економски, политички и етнички. Враќањето на основните принципи на демократијата преку враќање на моќта на Граѓанинот, а со тоа и на демократските вредности, човековото достоинство , граѓанските слободи, И владеењето на правото мора да станат наши приоритети. Иако, не можам да го надминам, горчливиот вкус на празни флоскули и многуте празни ветувања во изминативе години, ниту да си одговорам на прашањето зошто токму сега во предизборна кампања се најавува изградбата на патишта, нови производни капацитети, странски инвеститори, илјадници проекти, кога цели 8 години владејачката гарнитура имаше можност за имплементација на овие програмски решенија. После 8 години, народот знае дека навистина има разлика помеѓу празните ветувања и можноста за една поинаква реалност која сите ние ја заслужуваме.“– истакна Танасоски.
Како што рече Танасоски свесни за големината на предизвиците со кои тие треба да се соочат, длабоко е уверен дека Македонија има сила, а после подолго време и можност за промени.
„Ставени сме пред избор меѓу сопствената слобода, човечкото достоинство и сето она што тоа не е. Верувам, дека ќе ја искористиме можноста, а секој лично и одговорноста за направениот избор зошто кој не сака да се избори за својата слобода, тој не заслужува ни да ја има. Секој е сам зад параванот. Сами одлучуваме како сакаме да изгледа државата денес но уште поважно како да изгледа државата во која ќе живеат нашите деца утре. Гласањето на изборите на 13 ти април, ќе не направи директи учесници во креирањето не само на нашата иднина, туку и иднината на нашите семејства и иднината на државата во која живееме. Со Пендаровски за претседател политичките, културните, националните и други различности во Македонија ќе бидат предност. Со Стево за претседател ќе ја соединиме енергијата на младите и искуството на возрасните и ќе одиме напред. Гласот за Стево е глас за обединување на сите граѓани во Македонија. Заеднички глас за промени. На чело на државата ни треба вистински претседател, човек одговорен и чесен, човек од кого нема да се срамиме туку ќе се гордееме со она што ќе го направи. Потребен ни е претседател кој ќе обедини а не да дели, претседател кој нема да е понижен, бидејќи претседател на несреќни луѓе е неуспешен претседател. Победата на Стево Пендаровски ќе ги најави промените за нов почеток. Сите ние, граѓаните на Република Македонија, ќе го имаме в раце најмоќното демократско средство со кое ќе одлучиме за иднината на оваа земја, гласачкото ливче. Затоа, на 13 април треба да покажеме дека Македонија заслужува претседател, човек зад кој стои народ , човек кој обединува, човек со македонски дух но и европски принципи, човек кој ќе умее да ја води Македонија на патот кон побогата, постабилна, поперспективна и пореспектирана држава. Тоа сигурно е Стево Пендароски.“– рече Танасоски.
На 13-ти, во недела, Танасоски ги повика граѓаните да се соединат и заедно да ги донесесат промените во Република Македонија и додаде на 27-ми заеднички да се оствари уште една, двојна победа, за од 28-ми конечно да започнат промените во Македонија.
„Како и пред секои избори така и овој пат владеачката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ и нејзините гласноговорници сакаат да ни прикажат една успешна приказна за Македонија, наспроти реалноста во која живееме, за жал потврдена со статистички, непобитните факти и на светски реномирани институции: Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај за светската економија оценува дека во земјава и натаму ќе расте долгот на владата наспроти високата стапка на невработеноста од речиси 30%, Светска банка изброја 300.000 воглавно млади луѓе што во последниве години се иселиле од државава, реформите во здравството напредуваат а државата се најде на врвот на листата на земји на Еуростат според смртноста на новороденчињата која експертите ја сметаат како водечки индикатор преку кој се евалуираат и споредуваат здравствените системи меѓу различни држави, според најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на медиуми, Македонија падна од 94 место на 116 место на ранг листата и се вброја во групата на делумно слободни земји, со години на ред, јавните расходи за образование остануваат на нивото од 3,5 % од БДП, а за наука се спуштија на многу мал износ наспроти непродуктивните енормно високи буџетски расходи.“- заврши Танасоски.
WebOhrid