Променета локацијата на дел од гласачките места во Охрид

Општинската Изборна Комисија – Охрид, ги известува граѓаните кои на минатите локални избори гласаа на гласачките места:

  • 1253 објект на КЈУБИ Македонија,
  • 1264 објект на Урбана Заедница Кошишта,
  • 1268 објект на Живинарска фарма ГИЦА и
  • 1309 приватен објект – Ресул дека,

дека истите за претседателските и парламентарни избори се со промената локација: 

  • Гласачкото место 1253 се дели со ново гласачко место – 1253/1 и ќе се гласа во ОУ “Григор Прличев“. 
  • Гласачкото место 1264 се дели со ново гласачко место – 1264/1 и ќе се гласа во ЈП Комуналец – Градски пазар. 
  • Гласачкото место 1268 се дели со ново гласачко место – 1268/1 и ќе се гласа во мотел ЛОВЕЦ.  
  • Гласачкото место 1309 се дели со ново гласачко место – 1309/1 и ќе се гласа во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.