Информација на Аналитичкиот центар на СДСМ по досега обработени 1.645 избирачки места

Од 3 478 избирачки места, Аналитичкиот центар на Социјалдемократскиот сојуз досега има обработено податоци од 1 645 избирачки места.

Во бројка на гласови, тоа значи дека Ѓорге Иванов води пред кандидатот за претседател Стево Пендаровски со 45 илјади гласови. Или, 165 илјади гласови за Пендаровски наспроти 210 илјади гласови за Иванов.

 Податоците од речиси половина од гласачките места не се обработени, со нови информации од Центарот  ќе излезат штом ќе бидат обработени.