Чалгија саунд систем во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ одржа предвелигденски концерт на големо задоволство на публиката, составена од сите возрасти. Во пријатна атмосфера беа изведени македонските староградски песни кои прозвучија автентично и елегично преку гласот на вокалистот Грашоска Добрила. Публиката не го штедеше аплаузот.
Овој концерт е дел од програмата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ за 2014 година поддржан од министерството за култура.
До крајот на годината предвидени се гостувања и на Драган Даутоски и група Монистра.
Со гостувањата Центарот за култура покрај својата матична програма има за цел на публиката во Охрид да и пружи разновидност во уметничката понуда преку целата година, со присуство на еминентни уметници.