Иванов: Граѓаните знаат да препознаат разлика

По убедливото водство кое си го обезбеди на претседателските избори, Ѓорге Иванов ви заблагодари до сите за големата, огромната поддршка од почетокот на кампањата до сега. 

„Оваа поддршка значи и ни дава сила да продолжиме за реформите и делата кои ќе се резлизираат, за доброто на сите граѓани. Имавме фер и демократски избори какви што и доликуваат на Македонија. Граѓаните имаа избор која од понудите ќе ја изберат, да изберат кој ќе работи за нивната иднина. Во огромно мнозинстово граѓаните дадоа поддршка на нашите реформи, тимска работа, чесност, патриотизам, отварање работни места, инвестиции..“рече Иванов во своето вечерашно обраќање.

 Иванов истакна дека слушнале многу навреди во текот на кампањата, но одлучиле народот да одговори бидејќи народот знае да препознае и да направи разлика.

Народот им даде одговор на обвинувањата и омаоважувањата. Народот одговори што мисли за претседателските понуди. На 27 граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање со уште поголема поддршка,“ вели Иванов и додава дека со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април.

 Иванов истакна дека мотото на кампањата е „Државата пред се“ бидејќи не е апстракција, таа ги претставува граѓаните.

„Ќе стојам на зборот дека ќе работам за интересот и успехот на граѓаните. На овој начин гласавте за себе и семејството. Им благодарам и на оние кои гласаа за другите кандидати, но и на оние кои не го дадоа својот глас. Нема да правам разлика, ќе бидам претседател на сите граѓани“, истакна Иванов.

 Македонија е држава на  сите нејзини граѓани и исклучоци не смеат да се прават. Иванов ветува дека ќе се бори и ќе ги штити достоинството, угледот и интересот на државата. 

„Ве повикувам на 27 април помасовно и похрабро да покажеме дека за иднината на Македонија ќе одлучуваат нејзините граѓани. Нека ни е честита победата. Сите сме победници“, порача Иванов.

Извор: Прес 24