ВМРО ДПМНЕ има морална обврска кон своите граѓани и пошироката јавност за изнесување на неколку од многуте факти кои сведочат за негрижата на претходната локална власт предводена од СДСМ во која Томислав Тунтев ја имаше функцијата на заменик градоначалник, рече на денешната прес конференција, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска.
„Еден од тие факти е недомаќинското раководење со градинката, а со тоа и за негрижата за најмладата генерација која всушност преставува иднината на нашиот град. Во т.н мрачен период на Охрид покрај многуте сфери кои доживееја своевиден колапс, истиот ефект ги имаше зафатено објектите од градинката во кои дечињата го поминуваат најголемиот дел од денот. Имено, сите објекти со промената на власта беа наследени во катастрофална состојба, особено објектот „Развигорче“ кој во јуни по налог на санитарната инспекција мораше да се затвори и целосно да се реконструира. Таваните беа во очајна состојба. Санитарните јазли беа руинирани. Ваков ли бил пристапот на СДСМ кон најмладите, кон просториите во кои децата го поминуваат повеќето од своето време. Знаел ли г-динот Тунтев за ваквата состојба и дали направил посета низ градинките во Охрид за да се соочи со ваквите факти во текот на неговиот мандат? Исто така потенцираме дека наместо занималните да се опремуваат со соодветни дидактички материјали, играчки и да се подобруваат условите во кои престојуваат децата, дел од средствата се трошени за купување на непрактични машини за чистење на подови, наместо да се направат потфати кои што биле приоритет за ефикасност на градинките. Вакво ли е домаќинското работење на СДСМ.“- запраша Костеска.
Како што рече Костеска, во однос на најболното прашање – кадровата политика, после дадени согласности од Министерството за финансии, неколку конкурси пропаднале.
„Дали била очигледна намерата на СДСМ да се сокријат позитивните намери на власта од ВМРО ДПМНЕ, па дозволила овие конкурси да пропаднат! Ова е само дел од затекнатата состојба на градинките во Охрид кои биле под раководство на СДСМ во период од осум години, но исто така наследената состојба на градинките преставува симболика за нивното неажурно и несовесно работење и раководење.“- истакна Костеска.
Од друга страна додаде Костеска, принципот на ВМРО ДПМНЕ бил домаќинско и одговорно работење.
„Таков принцип е очигледен и на државно и на локално ниво. Токму поради тоа граѓаните знаат дека ВМРО ДПМНЕ од ден на ден се обидува еден по еден да ги решава или барем да ги ублажува проблемите кои се таложеле со години. Охриѓани немаат повеќе доверба во веќе видени лица од опозицијата, кои сакаат да се престават како нови политички адути, пред се тука мислиме на г-динот Тунтев. Напротив, преку изнесените факти од доменот на работењето на градинките во Охрид во т.н мрачен период се гледа незаинтересираноста на СДСМ и во оваа едукативна и воспитна сфера. Токму поради тоа ги повикуваме граѓаните на престојните претседателски и паралментарни избори уште еднаш да се покаже и докаже довербата кон ВМРО ДПМНЕ, политичка опција која мисли на најмладите и посветува дел од своите проекти за подобрување на условите во детските градинки.“- заврши Костеска.
WebOhrid