Костоски: Ако сакате да ја доживеете демократијата гласајте за ВМРО-НП

Претседателот и носител на пратеничката листа на  ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски  на денешната прес конференција се обрати до како што рече, десно ориентираните гласачи во Република Македонија, оние кои што би го дале гласот за ВМРО – Народна партија или за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа и до сите граѓани на општина Охрид.

„Би сакале да направиме една разлика меѓу програмите на Народна партија и на ДПМНЕ, односно онаа нивна реална програма и состојба во Р.Македонија, а не онаа која што ја прикажуваат во бајките на нивните реклами, скапо платени реклами од буџетот на Р.Македонија, односно со државни пари ја рекламираат својата политичка партија.“– истакна Костоски.

Костоски на пре средбата се осврна на меѓународната изолација на Р.Македонија, за која како рече, секој ден била се поголема и поголема.

„Се сеќавате, а особено постарите жители на Охрид дека прв, партија и премиер кој потпиша Договор за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со Европската Унија беше Љубчо Георгиевски во 2000 година. Оттогаш навака, бевме пред Хрватска и да не зборувам за сите останати балкански земји, ние останавме на последното место во евроинтеграциите како Р.Македонија. Пред нас замина Хрватска, пред нас замина Бугарија, Романија, еве сега се на повидок да влезат и Србија и Албанија, замислете ако и овие две земји влезат пред нас, ќе се соочиме можеби со уште два нови проблеми кои ги има Македонија во исполнувањето на условите за влез во Европската Унија. Ако почекаме, ќе бидеме последните и после Косово би влегле во Европската Унија, со политиката на оваа денешна актуелна власт. Иако сите нивни реклами се полни со слогани за влез во Европската Унија, меѓутоа на дела апсолутно ништо не се прави, односно тие не сакаат да влеземе во Европска Унија, од причини кои сите ние ги знаеме зошто.“– рече Костоски и додаде:

„Високата казнена политика која што е воведена во Р.Македонија, енормно високите казни кои што не се својствени за држава, односно не соодејствуваат со економската и финансиската моќ и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и со финансиската моќ на фирмите во Р.Македонија. Замислете 300 евра, 200 евра е казна за фрлање на отпушок, односно таа е рамна на една просечна плата во Македонија, ако некој воопшто зема 18 или 19 илјади, бидејќи најголем дел од населението зема 9, 10, 11 и 12 илјади денари. Секојдневното задолжување на Р.Македонија кое што се крие од граѓаните, иако кажуваат дека некаде 33%, задолжувањето е стигнато над 40% и секој ден се повеќе и повеќе Р.Македонија се задолжува. Да не зборуваме за внатрешниот долг кој е уште поголем, кој што сите знаат дека никој на никого не плаќа за завршена работа, односно нема пари во граѓаните на Р.Македонија. Само во минатиот ден се задолживме за 25 милиони евра за раздолжувања кои треба да се утре. Значи земаме денеска долг за да вратиме стар долг. Наредната 2015 година ќе биде економски катастрофална годинa за Р.Македонија ако продолжиме со ваквата политика која што ја води оваа Влада, односно во кратки црти, треба да вратиме некаде околку 700 милиони евра долгови кои што се насобрани и наназад десетина години меѓутоа најповеќе во овие 7 до 8 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.“– истакна Костоски.

Како што потенцира Костоски, заради лошата економска политика, некаде над 250 илјади Македонци најповеќе од 25 до 45 години, се иселија од Македонија во последниве 7-8 години, односно вакво иселување имаше само во 67, 68, 69 година кога голем број наши луѓе одеа на привремена работа низ Европа, меѓутоа тие се враќаа, фамилиите им останaа тука, а денес масовно се иселуваат.

„Тоа е економската политика на ДПМНЕ, тоа е владението на „најпатриотската“ партија во Р.Македонија. Лажните инвестиции кои што оваа Влада на ДПМНЕ ги кажува на граѓаните на Охрид и ширум Македонија. Два мандати победувавте со лажната приказна за големиот инвеститор Субрата Рој. Ќе ги прашам господинот Ставрески и градоначалникот Бакрачески, дали сеуште стојат на тврдењето дека проектот на Субрата Рој продолжува, а Субрата Рој моментално е во затвор во Индија. Ако сакате таква казнена политика може да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, а ако сакате да ја доживеете демократијата ќе гласате за бројот 10 на изборите, на 27 април.“ – додаде Костоски.

WebOhrid