Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски одржа работен состанок со тренерите на ФК Пелистер и ФК Ренова, Драган Бочески и Ќатип Османи кои се однесуваше на идејата на селекторот на најдобриот наш национален тим на 30.04.2014 година на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“ да се одигра натпревар меѓу потенцијални репрезентативци кои настапуваат во првата МФЛ. Натпреварот ќе се организира со цел да се добие подобар увид во квалитетите на играчите од Првата лига и евентуално да добијат повик за официјалните натпревари на Македонската А репрезентација.
Во планот на селекторот Ѓуровски собирот на играчите е предвиден за 29.04.2014 година, а натпреварот би се одиграл на 30.04.2014 година, по што повиканите играчи повторно ќе се стават на располагање на своите клубови. Двете екипи ќе ги предводат Бочески и Османи, а како дел од стручниот штаб на двата тима селекторот предвидува да бидат поканети и новинарите.