Репортажи и фотографии за Охрид после промотивната тура „Охрид 2014“

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира  промотивна тура „Охрид 2014“.

На промотивната тура, која се одржа во Охрид од 4 до 6 април 2014 година, присуствуваа претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои остварија директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.

Во состав на турата, посетени беа најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а пред туристичките субјекти беа претставени и можностите за развој на алтернативниот туризам.

Целта на ваквата посета беше остварена. Гостите се запознаа со туристичките потенцијали на Охрид и со сите оние специфични елементи на туризмот во Охрид.

Како резултат на посетата на Турските ТВ Куќи, HOLIDAY TIWI  започна со емитување на видеа, репортажи, спотови за Охрид во нивните Медиуми. Истите веќе се објавени и на социјалните мрежи, а по неколкудневните емитувања успеаа да пројават голем интерес кај илјадници луѓе. Во печат е и магазинот HOLIDAY MAGAZIN кој се печати на Руски и Англиски јазик и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри.