По повод велигденските празници ЈП „Градски Пазар“ утре (Велики Четврток) од 11:00 часот во Халата на ЈП „Градски Пазар“ организира Велигденски Саем.
На саемот ќе бидат изложени на продажба козињаци, слатки и Велигденски декорации подготвени од ученици од Основните училишта и од охридските производители и уметници. Учениците од основните училишта ќе продаваат рачно изработени Вегигденски декорации, а собраните парични средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.