Работнички едвај во финалето, ќе игра против Металург

И покрај водството од 2 голови од првиот дуел, Работнички едвај се пласираше во финалето од Македонскиот Куп во фудбал. Брегалница го искористи домашниот терен и успеа да ја анулира предноста на Работнички од првиот дуел. По регуларните 90 минути Брегалница одигра 2:0 против Работнички, по што се изведуваа пенали каде Работнички имаше повеќе среќа и со 5:4 успеа да победи и да се пласира во финалето од Купот на Македонија.

Металург го победи Тетекс со 1:0 со што се пласираше во финалето. Првиот натпревар помеѓу овие клубови заврши 0:0.

Во финалето од Купот на Македонија ќе играат Работнички и Металург.

WebOhrid