Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Николоски, денес на прес-конференција презентираше делови од програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои што се однесуваат на младите, како и други проекти од изборната програма.
Како што кажа Николоски, работејќи ја Програмата за 2014 – 2018 година главен акцент е ставен на политиките кои што се однесуваат на младите, заради тоа што сметаат дека постои една огромна креативност и енергија во нив која што треба да се искористи и додаде дека во исто време овие генерации коишто доаѓаат се генерации кои се веќе родени во независна Македонија, генерации коишто живеат со поинаков дух и поинакви навики и сметаат дека на тој начин треба да го искористат нивниот потенцијал и знаење.
„Со цел да се даде поддршка на младите родители, ќе се воведе повластена стапка од 5% на ДДВ за бебешки производи. Финансиска поддршка за новоосновани претпријатија од страна на млади претприемачи. Со мерката ќе се субвенционираат новоосновани претпријатија чии основачи (над 50%) и управители се млади лица до 30 години, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за следниве намени: набавка на опрема, алати и инвентар, уредување на простор, изработка на визуелен идентитет на производот/услугата, дизајн на нов производ и амбалажа, стручно усовршување, кофинансирање на трошоците за станарина во бизнис-инкубатор, за времетраење од една година. Станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки). Поддршка на натпревари и настани од областа на ИКТ. Програма за талентирани млади и нивна подготовка за раководни функции во јавен сектор. Мореднизација и зголемување на квалитетот на наставата на учениците со набавка на 300.000 таблети. Со нив ќе се изврши замена на персоналните компјутери од „Проектот компјутер за секое дете“. Нов државен Институт за енергетика и стипендирање на студентите на насоките за енергетика. Институтот ќе ги собере најдобрите кадри од оваа област во државата, ќе ги вклучи во својата работа докажаните научни кадри од соодветните факултети, а ќе се вклучат и младите стручни кадри од оваа област. Во двете државни енергетски компании АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО отпочнавме процес на поттикнување на младите да се образуваат и усовршуваат во областа на енергетиката. Кон оваа иницијатива се приклучи и ЕВН Македонија, така што трите компании секоја година ќе доделуваат вкупно 15 стипендии. Изградба и реконструкција на културни и младински центри. Поддршка на земјоделските бизниси на младите земјоделци. За младите лица на возраст до 27 години обезбедивме попуст од 50% за посета во театрите, музеите, опера, филхармонија, балет. Ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за млади лица до 29 години. Работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработени лица до 29 години возраст со полно работно време, ќе биде ослободени од плаќање придонеси од задолжителното социјално осигурување. Оперативен план за активни програми и мерки за вработување на млади 2015-2016 година. Мерки кои се предвидени да се реализираат со оперативниот план за вработување на млади 2015-2016 се: Програма за вработување – Прва шанса, Програма за самовработување, Субвенционирано вработување млади лица, Практикантство на млади лица. Во Оперативниот план ќе бидат дефинирани: видот на програмите и мерките за вработување, целните групи, потребните средства и изворите на средствата, како и субјектите надлежни за имплементација на истиот. Со оперативниот план за активни мерки за вработување на влади ќе се вработат над 3.000 невработени млади лица.“- потенцира Николоски.
Како што кажа Николoски, со првата Програма за самовработување со кредитирање на млади лица на сите млади лица до 29 години кои сакаат да се самовработат ќе им се обезбеди можност за подигање кредит во износ од 7.000 евра со грејс период од 18 месеци и период на враќање од 66 месеци. Со Програмата за поддршка за вработување во микро и мали компании на млади лица до 29 годишна возраст, ќе се обезбеди можност работодавачите кои ќе учествуваат во Програмата да добијат кредит во износ од 4.000 евра за секое нововработено младо лице до 29 години.
„Поддршка за прво вработување (практиканство) за млади невработени лица. Целта на оваа мерка е зголемување на вработеноста кај млади невработени лица така што тие подготвени ќе се вклучат на пазарот на трудот. Поддршката ќе се обезбеди за евидентирани невработени лица до 29 годишна возраст со завршено средно или високо образование, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини, преку нивно вклучување во мерки за практична работа за период од 3 месеци. Субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години – Прва шанса. Програмата за прв пат се реализира во 2014 година и има за цел да обезбеди побрз премин на дипломирани млади лица од образовниот процес до вработување. Поддршката се обезбедува со цел овие лица да се стекнат со одредени практични знаења и вештини и да станат конкурентни на пазарот на труд. Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години. Акциски планови за миграции, семејни политики. Акциските планови ќе овозможат услови за зголемување на природниот прираст на населението и намалување на внатрешните и надворешните миграции со акцент на младите и други социјални појави кои влијаат на демографските состојби во земјата. Волонтирање на студентите во јавните институции во текот на летото. Соработка со млади под ризик. Проектот се однесува на воспоставување Програма за превенција во која полицијата помага да се идентификува и оцени кои млади се под ризик преку искажаното асоцијално однесување. Одржување на годишни летни и зимски кампови за помладата генерација на Македонци кои живеат надвор од Република Македонија. Стажирање на Македонци од соседните земји и дијаспората во Република Македонија. Спортска академија – дисперзирани паралелки. Ќе отвориме дисперзирани паралелки на Спортската академија во Охрид со насоки за фудбал, ракомет, тенис и кошарка. Формирање на училишни спортски клубови. Државни училишни спортски игри. Отворени курсеви. Во рамки на проектот ќе се креира македонска MOOCs платформа за средните училишта, каде најдобрите професори од средните училишта ќе изработат курсеви за предметите во средните училишта. Учениците ќе имаат можност покрај предавањата на матичните наставници и професори од училиштето во кое учат, да учат и да го надоградат своето знаење учејќи и од професорите кои се најдобри на ниво на Македонија. Нови стипендии. Со овој проект ќе се продолжи континуирано да се наградуваат и да се мотивираат учениците од јавните и од приватните средни училишта, со што ќе се овозможи стимулирање, наградување и значаен поттик на учениците за подобро совладување на наставните содржини, способности и вештини. Промовирање и потикнување на иновациска дејност. Преку доделување на грантови ќе се даде поттик за зголемување на привлечноста за применети истражувања во области со висок потенцијал за иноваторството, особено преку задржување на домашните дипломирани студенти и млади истражувачи. Изградба и опремување на фудбалски игралишта со вештачка трева.Нови скејт-паркови. За љубителите на адреналински спортови ќе се изградат два нови скејт-паркови во Битола и во Охрид. За развој и унапредување на младите спортисти во Република Македонија ќе продолжиме да доделуваме стипендии на 500 млади спортисти. Училишни првенства во голем фудбал. Овој проект за создавање на млади талентирани фудбалери и современ систем на натпревари во средните и во основните училишта ќе се реализира во наредниот четиригодишен период. Проекти за поддршка на млади уметници и музичари. Бесплатен викенд за младите лица до 27 години за превоз во железничкиот сообраќај. 50% попуст за ученици и студенти. Со овој проект се предвидува најевтино патување на најмладите граѓани на Република Македонија по пругите на Македонски железници, со што ќе се овозможи нивна поголема мобилност.Слободен четврток. За сите студенти, секој четврток во месецот ќе се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, жичарницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија. Освен тоа четврток ќе биде и денот кога студентите бесплатно ќе можат да ги посетат театрите, музеите и кината во Скопје и во државата. Со проектот Совети на младите во општините се прави значаен чекор за зголемување на улогата и учеството на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво во Охрид. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе нова Национална стратегија за млади 2016-2025 година. Оваа стратегија ќе придонесе за фокусирано и сеопфатно дејствување на вклучените страни во младинската сфера, решавање на младинските проблеми, како и подобрување на состојбата на младите во рамки на десетте приоритети: образование, вработување, спорт, поддршка пред вработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа. Национална кампања против говор на омраза. Кампањата против говор на омраза е проект чиј национален координатор е Агенцијата за млади и спорт. Целта на кампањата е едукација на младите луѓе за човековите права и подигање на свеста за последиците од говорот на омраза.“– рече Николоски.
Се на се ова се само дел од проектите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ. Целта е како што рече Николоски да им се даде шанса на младите, шанса да се реализираат во своите средини, да се реализираат во Република Македонија, да се стекнат со ново знаење и нови вештини, за да се што поконкурентни на пазарот на труд, да се вработат, а оние што се похрабри да стартуваат бизнис кој што ќе биде помогнат од Буџетот на Република Македонија.
„Се надевам дека со овие проекти овие млади луѓе после 4 години ќе имаат успешни приказни зад себе и ќе можат да ни ги раскажат нам.“- заврши Николоски.
WebOhrid