Снег на повисоките места, забрана за камиони на Ѓавато и Маврово

Утринава во 07:30ч. воведена е забрана за движење на ТМВ на патните правци Маврово-Дебар, како и на планинскиот премин Ѓавато. Од 08:00ч. воведена е забрана на патниот правец Струга-гр.премин Ќафасан и на планинскиот премин Стража.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има врнежи и остатоци од снег на колозовот.