Урнебесното кабаре „2 Mothers brothers” повторно во Центарот за култура

Поради големиот интерес на публиката повторно „2 Mothers brothers” урнебесното кабаре во изведба на актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, исполнето со динамични авторски песни, преработки и комичен сценски материјал.

Урнебесното кабаре ќе се игра утревечер со почеток во 20 часот. во малата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, влезот чини 150 денари, но бројот на влезници е ограничен.