Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставници и соработници на високообразовните установи во академската 2013/2014 година изнесува 3 354 лица.
Од вкупниот број на наставници и соработници, 2 301 лицe се наставници или 68.6% и 1 053, т.е. 31.4%, се соработници во наставата.
Настава на факултетите изведувале 3259 лица, што претставува 97.2% од вкупниот број на наставници и соработници, додека на високите стручни школи настава изведувале 95 лица или 2.8%.
Бројот на наставници и соработници – жени во учебната 2013/2014 година изнесува 1 673 лица или 49.9%.