Гол на Ферхан Хасани за сигурна победа на Брондби

Ферхан Хасани му донесе сигурна победа од 3:1 на тимот на Брондби против Сондерјуск.

Иако нашиот репрезентативец влезе во игра во 70-та минута и играше на десната крилна позиција, во 88-та минута за момент се префрли лево во шеснаесетникот на противникот, доби една нафрлена топка и од 15-тина метри биеше прецизно, со што го постави конечниот резултат и му донесе сигурна победа на Брондби.

По оваа победа Брондби се наоѓа на 4-то место, позиција која води до Европа Лигата, но заостанува само 6 бодови зад второпласираниот Мидтјуланд и 3 зад третопласираниот Копенхаген. Второто место води до квалификации за Лигата на шампиони.

WebOhrid