Цветкоски: ВМРО-НП во својата програма посебно внимание посветува на економскиот развој на Македонија, посебно на Југозападниот регион

Економскиот развој на Југозападниот регион на Република Македонија, беше темата на денешната прес-конференција на ВМРО-НП Охрид.

Како што рече кандидатот за пратеник на ВМРО НП, Владо Цветкоски, народна партија во својата програма посебно внимание посветува на  економскиот развој на Република Македонија, а посебно на Jугозападниот регион.

„Југозападниот регион кој го опфаќа изборна единица бр.5 е најсиромашен регион во Република Македонија. Тоа е регионот кој има најголема невработеност, кој има најлоша патна инфраструктура и регион во кој најмалку се инветирало во последните 8 години. Од друга страна, тоа е регион со најголеми природни богатсва, регион кој има огромни количини на железо, јаглен, дрвна маса и хидро потенцијал и регион кој е најголем производител на електрична енергија. Оваа влада, овие простори ги користи само како суровинска база за развој на скопскиот регион. Време е нештата да почнат да се менуваат и Југозападниот регион да си го добие своето заслужено внимание.“– истакна Цветкоски.

Пратениците на ВМРО НП, рече Цветкоски, ќе се залагаат  за развој на три основни стопански гранки во овој регион, а тоа се индустријата, земјоделието со сточарството и туризмот.

„За да се поттикне индустрискиот развој на Југозападниот регион на Македонија потребно е целиот регион да се прогласи за технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ). За таа цел пратениците на ВМРО НП во македонскиот парламент ќе поднесат иницијатива за носење Закон со кој целиот простор на 5-таа изборна идиница ќе се прогласи за ТИРЗ. Идејата е поволностите и условите што ги имаат странските инвеститори во постојните ТИРЗ да се достапни и за нашите производни капацитети во Југозападниот регион. Поголем дел од производни капацитети во  сите општини во 5-тата изборана единица стојат празни. Не е потребно да се градат посебни индустриски зони. Не е потребно да се гради патна и комунална инфраструктура  на државна сметка кога веќе постојат објектите кои лесно може да се прилагодат за соодветно производство. Пратениците на ВМРО НП при утврдување на буџетот за 2015 година ќе се заложат за одвојување на финансиски средства со кои ќе се изработат Генерални и Детални урбанистички планови на државна сметка за општините Охрид, Ресен, Битола, Крушево, Демир Хисар, Кичево Дебарска Жупа, Вевчани и Струга. На тој начин на овие општини директно ќе им се помогне во создавање предуслови за економски развој. Во овие планови просторот околу влезовите  во општините треба да се предвиди за нови чисто индустриски зони, за штом ќе се обезбеди странски инвеститор кој ќе сака да гради нов објект, веднаш да има претстава каде може да се гради. А не како што е случајот сега,  ВМРО ДПМНЕ најавува два производни капацитети во овој регион, без да каже каде ќе се градат истите. Просторот кај Мауцкер го предвидуваат за индустриска зона, а уште немаат донесено урбанистички палан за овој простор. Две работи се многу важни како предуслов за економскиот развој на овој регион а тоа се: изградена патна и железничка инфраструктура и сигурност на инвестициите. За да може да се изгради транспортна инфрастуктура во релативен краток временски период која ќе биде на бараното ниво, потребен ни е брз пристап до европските фондови, односно, датум за преговори со ЕУ. За да се обезбеди сигурност на инвестициите потребно е Македонија што побргу да биде дел од НАТО Алијансата.“– рече Цветкоски.

Земјоделтвото и сточартсвото се стопански гранки кои се многу битни, а токму овој регион има иделани услови за производство на здрава органска храна која е посебно ценета во ЕУ, додаде Цветкоски.

„Во овие стопански гранки егзистенција може да најде голем дел од населението во овој регион. Ние ја поседуваме најголемата фабрика на отворено небо, за која не е потребна заштита од кисели дождови, како што е случајот во развиените западноевропски земји. За да се поттикне интензивно производство на здрава органска храна   пратениците на ВМРО НП ќе се заложат за воведување на посебни субенции кои ќе бидат двојно поголеми од постојните, за производство на здрава органска храна на надморска висина поголема од 750 метри. ВМРО НП како партиципиент во новата влада на Република Македонија ќе инсистира да се обнови функцијата на старите водостопански организациии. Стратешка цел треба да претставува изградба на хидроакомулации во југозападниот регион кои покрај производство на електрична енергија ќе се користат и за континуирано полевање на земјоделските насади. Во најкраток можен рок треба да се реконструираат старите  доводни и одводни  канали за да може водата за наводнување да стигне до крајните корисници. Покрај обнова на постојните мелиоративни системи долгорочна определба на нашата влада ќе биде и изградба на нови системи, бидејќи сушните периоди во следните години ќе бидат се поголеми и поголеми. За да се зголеми производството на храна ВМРО НП ќе воведе нова стимулативна мерка за земјоделците, а тоа е исплата на субвенциии во вид на бесплатна вода за наводнувањете на насадите. Производство на здрава органска храна повеќекратно ќе се зголеми само ако југозападниот регион има разгранет меолиоративен систем кој ќе овозможи во потребните периоди од годината континуирано наводнување.“- рече Цветкоски.

Тенденција на ВМРО-НП ќе биде овој регион да стане бренд на здрава органска храна. 

„Предуслови постојат, но потребен е мотив и сигурен и ефикасен пласман на произведенето. Тоа ќе се постигне со брзиот влез на Македонија во ЕУ кога камионите и возовите со прехрамбени производи нема да запираат и чекаат  по границите. Затоа нам ни е потребна Европската Унија СЕГА,  утре можеби ќе биде доцна: ќе нема кој да  работи по нивите, ќе нема кој да ја  одгледива крупната и ситната стока. Господ ни го дарил најубавото место на светот, тоа е југозападниот регион кој изобилува со природни богатства и со историски локалитети. Тоа е просторот во кој има континуирано живеење повеќе од 6000 години. Ја имаме историјата, имаме високо образован кадар, ја имаме здравата животна средина: езерата, чистите реки, шумите, националните паркови. Сето тоа претставува  неограничена можност за развој на сите видови туризам: езерски, археолошки, селски, здравствен, спортски, планинарски и зимски туризам кои се сигурна перспектива во иднина. ВМРО НП ќе се залага за формирање на посебен национален институт за туризам со седиште во Охрид. Туристичките научни работници, а не политичарите се тие кои треба врз научна основа  да изработат стратегија и концепција за развој на туризмот. Политичарите кои ќе бидат  на  власт треба само да создаваат предуслови за остварување на националните натпартиски и општоприфатливи стратегии. Власта треба да создаде инфраструктурни и комунлани услови за развој на селскиот туризам кој треба  да биде големо освежување во туристичкатаа понуда.“– потенцира Цветкоски.

За да може да се развива селскиот туризам, рече Цветкоски, потребно е да се изградат водоводи и асфалтирани патишта и да се подобри снабдувањето со електрична енергија на руралните средини. Пратениците на ВМРО НП ќе се залагаат повторно да се формира Агенцијата за развиј на неразвиените подрачја која е  посебно важна за населените места кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 750 метри.

„Подрачјето на Дримкол, Дебарска Жупа, Малесија, Дебрца, Копачијата, Ортокол, планинските региони во Ресенско, Битолско, Демир Хисарско и Крушевско нудат голем потенцијал за развој на селскиот туризам. Влезот на Македонија во Европската унија и НАТО Алијансата ќе создаде основни предуслови за интензивен развој на туризмот. Влезот во ЕУ ќе значи кофинансирање во изградба на сместувачки капацитети за развој на селскиот туризам. Кога Македонија ќе биде дел од НАТО Алијансата која ќе биде гарант на сигурноста и безбедноста на туристите и на инвестициите, тогаш во  Охрид и воопшто во Југозападниот регион  ќе инвестираат светски хотелски брендови.“– заврши Цветкоски.

WebOhrid