Носителот на пратеничката листа за ИЕ 5, Васко Ковачевски денес во Охрид заедно со кандидатите за пратеници ќе оствари средби со граѓаните и со охридските бизнисмени, доктори и адвокати.
„Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби. Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро. Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана власт продолжува со нови, чесни и искрени луѓе, со нов концепт и нова визија.“- изјави Ковачески.
Ковачески искористи прилика на сите христијани да им го честита најголемиот христијански празник Велигден и да им посака пријатни празнични денови.
WebOhrid