Го задушила своето бебе веднаш по породувањето

Триесет и четиригодишната Слаѓана Т. Од Цетиње е уапсена поради сомнение дека го задушила сопственото бебе веднаш по породувањето.

Таа се породила сама во сопствената куќа, бидејќи никој не знаел за нејзината бременост. Веднаш по породувањето таа го загушила бебето со крпа или раце.

Таа била приведена на 14 април кога бил откриен случајот, кога побарала лекарска помош поради здравствени причини. По сослушувањето од истражниот обвинител и бил одреден едномесечен притвор.

Обдукцијата треба да утврди на кој начин и точниот временски период бебето било убиено, односно колку минути по раѓањето.

Според првичните информации чедоморството се случило на 8 април, а злосторството е откриено кога Слаѓана поради здравствени проблеми побарала лекарска помош.

 Извор: Нет Прес