Настоски: Изборната програма на ГРОМ се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања

Носителот на листа во 5-тата  ИЕ за коалицијата ГРОМ, Љупчо Настоски, денес одржа прес конференција, на која што најпрво  на сите граѓани од православна вероисповед им ги честита велигденските празници и им посака добро здравје и среќа.

Настоски на прес средбата напомна дека од досегашните резултати и активности во ИЕ5, тие се многу задоволни и во преостанатите денови од кампањата очекуват да бидат уште подобри.

„Нашата изборна програма веќе е достапна до повеќето граѓани низ Македонија, а нормално и во Охрид и сигурен сум дека голем дел од тие што ја прочитале наишле на барем едно решение за проблемите со кои се соочуваме во македонското секојдневие. Нашето мото е храбри луѓе, сложна земја. Изборната програма на ГРОМ се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања, кои се нешто свежо и ново на нашата политичка сцена, и тоа: Градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот на носење, извршување и оценување на политиките, Понуда на мерливи индикатори со кои секој граѓанин може да оцени дали политиките на политичките партии на власт прнидонесуваат за квалитетот на неговиот живот или не, Мобилизирање на граѓанинот на високо поставени цели за Македонија кои не зависат само од финансиски средства , туку од неговата способност да креира, продуцира и соработува во заедништво, внатре и надвор од државата.“-истакна Настоски.

LjupcoNastoski

Настоски ги повика граѓаните да се вклучат во процесот  на поддршка на вродената моќ на граѓанинот да ја менува, а не да се приспособува на сегашната македонска реалност. 

„Бидете храбри и изберете го овој пат. Тоа не значи дека немате стравови, туку дека сте одлучни да дејствувате за доброто на сите. “– додаде Настоски.

WebOhrid