Во Охрид ќе се одржи работилница наменета за едукација на пензионерите

На 22 април (вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување, како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ.

Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда,  Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија.

Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за правата од здравствено осигурување, како и за превенција на нивното здравје за трите најчести незаразни заболувања (кардиолошки, нефролошки  заболувања и дијабетес).