Победи за гостите, само Пелистер го искористи домашниот терен

Денес се одиграа натпреварите од 28-то коло од Првата македонска фудбалска лига, при што постигнати беа следните резултати:

Гостивар  1:2  Турново

Македонија ЃП  1:3  Шкендија

Напредок  1:3  Брегалница

Пелистер  1:0  Еуромилк

Ренова  2:6  Работнички

По оваа победа, Работнички остана на врвот од Првата МФЛ со 53 бодови, 3 повеќе пред Турново и Пелистер. Со натпревар помалку се Вардар и Металург. Вардар заостанува со 5 бодови, додека пак Металург со 6 бодови зад водечкиот Работнички.

Согласно член 33 и 19 од Правилникот за натпревари, Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија го презакажа натпреварот од 28-то коло на Првата МФЛ помеѓу екипите на Металург и Вардар за утре (20-ти април) со почеток во 15:00 часот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Железарница“ во Скопје.

WebOhrid