ВМРО-ДПМНЕ во програмата предвидува свој фокус да има кон малите и средни претпријатија

ВМРО ДПМНЕ во годините што доаѓаат предвидува во својата програма, која што е наречена Проверено, свој фокус да има и кон малите и средните претпријатија. Во таа насока, кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Александар Николоски, денес на прес конференција  ги презентираше основните проекти кои што ги планираат за следниот период.

„Прва работа која што би сакале да ја презентираме е дека после долготрајна дебата во политичката партија ВМРО ДПМНЕ но и во рамки на експертските кругови кои што работеа на оваа тематика се согледа целосна потреба за промена на инспекцискиот систем и системот на глоби т.е казни кои што се во Република Македонија. За таа цел се донесе Закон со кој се формираше Инспекциски совет на Република Македонија кој што ги обединува сите инспекции на Република Македонија и ќе имаат координација од едно тело.“– рече Николоски.

Николоски истакна дека се планира воведување на степенесто казнување на економските субјекти, со цел од една страна да се почитува законот, а од друга страна да не се случи казните да не го оневозможат понатамошното работење на субјектот.

„Во исто време би сакале да презентираме други проекти кои се од интерес на малите и средните претпријатија. Првиот е ПРОЕКТ: ИЗДАВАЊЕ НА СИТЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ ОБЈЕКТИ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ- Сите неактивни, руинирани и нефункционални објекти во државна сопственост ќе може да се дадат под закуп на заинтересирани лица од приватниот сектор за минимален, симболичен надомест, а за возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да работи во нив и дополнително да вработи луѓе. Со оваа мерка ќе им се овозможи на малите фирми кои не можат да си дозволат сопствен простор или да плаќаат скапа кирија, да се здобијат со потребниот простор за проширување на бизнисот, а државата ќе ги стави во функција објектите кои не се користат. Вториот е ПРОЕКТ: СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ.  Ќе ја продолжиме реализацијата на проектот со кој овозможивме јакнење на капацитетите и „know-how“ на домашните компании преку обуки од стручни странски експерти во согласност со интересот и потребите на компаниите. На тој начин се подобруваат конкурентноста на домашните компании и пристапот до нови пазари и се зголемуваат ефикасноста и стандардите во работењето. ПРОЕКТ: НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА КВАЛИТЕТ СПОРЕД (ISO) ИСО-СТАНДАРДИ Со мерката ќе се надоместат дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според (ISO) ИСО-стандарди, и тоа 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 60.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ТРЕНИНГ НА НАССР ТИМ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И МОДИФИКАЦИЈА НА НАССР-СИСТЕМ   Со мерката ќе се обезбеди финансиска поддршка за тренинг на HACCP-тим за воведување, одржување и модификација на HACCP-систем и обука до две лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат до 20.000 денари. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ХАЛАЛ-СИСТЕМ Со мерката ќе се даде финансиска поддршка за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ-систем, и тоа 70 % од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 300.000 денари поединечно за секој деловен субјект–барател на средствата. ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО.“– потенцира Николоски.

PressDPMNE_1

Со мерката како што кажа Николоски, ќе се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјанки на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за следниве намени:

„Набавка на опрема, алати и инвентар; уредување/подобрување на деловниот простор; грижа/чување на деца од претшколска возраст за жени кои почнуваат сопствен бизнис (60% од трошоците за градинка и сл., но не повеќе од 30.000 денари) ПРОЕКТ: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НОВООСНОВАНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД СТРАНА НА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ 

Со мерката ќе се субвенционираат новоосновани претпријатија чии основачи (над 50%) и управители се млади лица до 30 години, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари, направени за следниве намени:  набавка на опрема, алати и инвентар; уредување на простор; изработка на визуелен идентитет на производот/услугата (веб-страница, дизајн на логотип, рекламен материјал);дизајн на нов производ и амбалажа; стручно усовршување (учество на специјализирани обуки за потребите на претпријатието);

ПРОЕКТ: КОФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА НЕФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА МСП И ПРОМОЦИЈА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО И ЗАНАЕТЧИСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

Со мерката ќе се кофинансираат проекти на фондации и на здруженија на граѓани кои се однесуваат на нефинансиска поддршка на МСП, како и проекти за промоција на претприемништвото и занаетчиството во Република 

Македонија, односно финансиска поддршка на проекти за: промоција и обуки за алтернативни извори на финансирање на МСП ( бизнис-ангели, франшизинг, факторинг);промоција и обуки за социјално претприемништво; промоција, обуки и форуми за женско претприемништво; Б2Б-средби;промоција и обуки за занаетчиството; вмрежување; промотивни активности (организирање саеми и манифестации).“- додаде Николоски.

Тој нагласи дека ќе обезбедат нови 100.000.000 евра за кредитирање на македонските фирми со субвенционирана каматна стапка од 5,5%. Овие средства како што рече, ќе бидат обезбедени од Европската инвестициона банка како и Меѓународната банка за поддршка на развојот.

„Нивниот рок на отплата ќе биде 8 години за инвестиции односно три години за обртни средства. Каматната стапка ќе биде 5,5 % а разликата на каматната стапка до 7 или 8 проценти ќе биде покриена од страна на Владата на Република Македонија. Проект ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА НА МБПР СО 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО. Ќе извршиме докапитализација на МБПР со 10 милиони евра, односно по 2,5 милиони евра годишно. Овие средства ќе бидат на располагање на домашните фирми за две намени: финансирање на производството наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи.“– рече Николоски.

Николоски овие проекти ги презентираше со цел да стигнат до оние кој сакаат да се занимаваат со бизнис или веќе имаат отворено мал или среден бизнис во градот Охрид, а кој што се поголем број економски субјекти кои вработуваат многу граѓани на Охрид,  со цел да ги охрабрат да ги користат овие мерки.

„Отварањето на двете големи фабрики во Охрид исто така ќе помогнат на малите и средни претпријатија особено од машинската и од електро индустријата имајќи предвид дека ќе бидат потребни добавувачи и подизведувачи.“– заврши Николоски.

WebOhrid