На парламентарните избори во 1998год, мотото на нашите истомисленици, на чело со лидерот Љубчо Георгиевски, гласеше ПРОМЕНИ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ, промени кои што граѓаните на нашава држава ги почуствуваа, потсети на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на ВМРО-НП, Крсте Ристески.
„Во тоа време Македонија воскресна, како на економски така и на демократски план и воедно беше првата држава, која го подпиша договорот за СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА СО ЕУ. Денес кога ќе погледнеме Македонија е последна во регионот во евроатланската интеграција, денес кога се нарушени основните демократски и човечки права, ВМРО НП изглегува со нова модерна, креативна, демократска програма со современи идеи за Македонија и македонскиот граѓанин која гласи – ЕВРОПА СЕГА. Што значи да бидеме член на Европската Унија и НАТО и зошто ВМРО Народна Партија апелира за присоединување и полноправно членство кон нив? Да се биде дел од ЕУ и НАТО, не значи да правиме „туристички екскурзии”, а да станеме полноправна членка на економско развиени држави, стабилни политички партнери, со стабилни институции, кои што гарантираат демократија, човечки права и почитување и заштита на малцинствата, слободна пазарна економија, слободно патување, како и да се биде конкурентно способен со другите држави од ЕУ.“– истакна Ристески.
Кохезирањето со ЕУ рече Ристески, значи отворање на граници и ослободување на патот на странски инвеститори, користење на европските фондови за развој и култура, инвестиции во селското стопанство, науката и образованието, социјалната политика и вработување, дирекни субвенции за македонските земјоделци кои ќе добивааат околу 300 милиони евра кои ќе доаѓаат од буџетот на Брисел, како што кажа без притоа да се задолжуваат, отворање на македонската бизнис клима на европските пазари.
„Кога зборуваме за Европа, ние зборуваме за пензија и минимална плата од 500 евра, за задоволување на основните секојдневни потреби, покачување на животниот стандарт и сето тоа со цел да се стимулира емиграцијата на македонскиот граѓанин. Кога зборуваме за НАТО имаме во предвид политичка стабилност и безбедност како на надворешен така и на внатрешен план. На внатрешен план како што знаете во Македонија во последните неколку години кулминираат меѓуетнички тензии, кои што лошо влијаат на внатрешната стабилност и кои што можат да доведат до нови конфликти и прекројување на границите на Р. Македонија. Неизнаоѓањето на решение и компромис во однос на името води до дирекна блокада за членство во Северноатланската алијанса, а со тоа Македонија се доведува во ситуација да циркулира во затворен круг и да е надвор од безбедносниот систем на НАТО. Затоа ВМРО НП настојува за брзо решавање на спорот со името, без да биде нарушен идентитот и јазик на македонскиот народ.“– додаде Ристески.
Како што беше истакнато на прес средбата, со слоганот ЕВРОПА СЕГА, од ВМРО-НП сакаат да им упатат на македонските граѓани до знаење, колку е важно Република Македонија да се интегрира во семејството на европските држави.
WebOhrid