Василески: Продолжуваме со спроведување на нови реформи и нови проекти во насока на подобрување на квалитетот на здравствена заштита

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес конференција, на која зброуваше кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Сашо Василески. Прес средбата беше посветена на плановите, визиите  кои ги има ВМРО-ДПМНЕ за здравството, за периодот од 2014 до 2018 година.

„Очигледен е фактот за посветеноста на ВМРО ДПМНЕ кон развој на секој домен од нашето општество. Денес сите скептици, политички опоненти мора да ги признаат фактите. Факт е дека ВМРО ДПМНЕ пред народот дури три пати излегува со отчетност, но исто така ВМРО ДПМНЕ секогаш е насочена кон иднината , кон релизирање на проекти кои се од витално значење за секој од нас. Досегашниот начин на домаќинско работење докажува дека се она што се зацртува како ветен проект многу брзо станува и реализиран проект. Впрочем токму поради тоа во програмата на ВМРО ДПМНЕ за периодот 2014-2018 година наречена Проверено се зацртани нашите цели, ги има сите гранки од општествениот систем  и се опфатени сите можни сегменти од нашето секојдневие.“- истакна Василески.

Медицината и здравството преставуваат неразделен дел од едно општество. Токму од тука произлегува и потребата за унапредување на македонското здравство кон она што значи модерен и современ медиционски приод. ВМРО ДПМНЕ укажува дека Основната цел е да овозможи корисниците на здравствени услуги да бидат задоволни, нивните проблеми да бидат брзо и ефикасно решени, додаде Василески.

„По реализацијата на голем број реформи во здравствениот сектор, новата опрема, започната реконструкција на болниците низ Република Македонија, продолжуваме со спроведување на нови реформи и нови проекти во насока на севкупно подобрување на квалитетот на системот на здравствена заштита.“- рече Василески.

Како што потенцира Василески, Министерството за здравство во текот на 2013 година направило анализа за состојбите во сите јавни здравствени установи на вработениот кадар со средно стручно образование, а кои во меѓувреме имаат завршено високо стручно образование во траење од три години. Притоа реле дека од направената анализа произлезгло дека, вкупно за 578 вработени здравствени работници со средно стручно образование и тоа медицински сестри, физиотерапевтски техничари, рентген-техничари, лабораториски техничари итн., ќе се систематизираат работни места во согласност со дејноста на јавната здравствена установа.

„Мотивот за имплементација на овој проект од една страна е да се зголеми свеста кај граѓаните за важноста на образованието и да се влијае врз нивната свест за корисноста од образованието, а од друга страна, да се подигнат нивото и квалитетот на здравствените услуги.“– рече Василески.

Проектот едукации- обуки на доктори и друг здравствен персонал, како што кажа Василески опфаќа едукација на 500 доктори и друг здравствен персонал и додаде дека секој доктор по завршената едукација ќе мора да се врати со нов метод, интервенција, вештина.

Проектот Воведување 100 нови методи рече Василески, значи доближување на светската модерна медицина до граѓаните на Република Македонија преку воведување нови практики во болниците низ Републиката.

„Во соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите, Фондот ќе организира работилници на кои ќе се презентираат правата на осигурениците, ќе се објаснуваат сите поволности и новини кои ги нуди и воведува Фондот и ќе се врши едукација за здравственото осигурување на оваа популација. Вакви средби Фондот ќе организира  редовно и во секој град во државата, а со тоа Фондот ќе стои на располагање за надминување на сите проблеми на пензионерите поврзани со здравственото осигурување. Ќе формираме повикувачки центар кој ќе пружа советодавни услуги/упатства за сите граѓани на Македонија, за кои не е неопходен итен медицински третман (настинки, покачена телесна температура, главоболки и др.).Планираме постепено воведување на нови генерации на лекови на позитивната листа. Со овој проект на пациентите ќе им се овозможи пристап до нови современи лекови кои до сега не беа опфатени со позитивната листа на лекови односно пациентите беа приморани истите да ги набавуваат од сопствени средства. Проширувањето на листата односно воведување на новите лекови се однесува на третирање на индикации за кои во светот постои нова посовремена терапија како и за индикации за кои до сега воопшто не биле вклучени лекови на товар на ФЗОМ. Ефектите од овој проект би биле подобро лекување и зголемено задоволство на пациентите, достапни лекови само со партиципација, навремено лекување на болести, пристап до современа терапија која се применува во останатите земји итн.“– истакна Василески.

Василески на крајот рече дека ова е само дел од посветеноста на ВМРО ДПМНЕ кон она што преставува здравствен систем, и дека има уште многи мерки и проекти кои ќе ги реализира ВМРО ДПМНЕ.

„Со осовременувањето на болниците ќе се овозможи и вработување на нов потребен кадар од секој аспект потребен за здравствениот систем и заштита.“– заврши Василески.

WebOhrid