Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес на прес конференција истакна:
„Евидентна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и другите политички опоненти. Од една страна имаме реализирани проекти кои пред се, служат во интерес на граѓаните, а од друга страна, пред се од страна на СДСМ имаме само празни зборови. Има разлика. Таа разлика ја воочија жителите на Дебрца на изминатите локални избори како и на првиот круг од претседателските избори. Таа разлика мора да се потврди и на вториот круг претседателски избори како и на престојните парламентарни избори.“- рече градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Трајкоски ги повика граѓаните на 27-ми април масовно да излезат на гласање и да дадат подршка за како што рече проверената политичка опција- ВМРО ДПМНЕ која контуирирано дава резултати.
WebOhrid