Градоначалникот Бакрачески на отворањето на меѓународни конференции што се одржуваат во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, присуствуваше на отворањето на конференции од меѓународен карактер што од синоќа до недела се одржуваат во Охрид. Станува збор за  „1-от Македонски“ и  „4-от Јадрански Конгрес за фармакоекономија и исход од терапија“ и “Третиот балкански и меѓународен конгрес  за максилофацијална хирургија.

„Уверен сум дека  одржувањето на двата конгреси  во исто време ќе ја потврди определбата  за продлабочување на започнатиот интегративен пристап во фармакоекономијата  и унапредување на регионалните  иницијативи  за  соработка .Од бројните научни и стручни трудови и презентации, сигурен сум  дека ќе произлезат нови сознанија и успешни практики кои ќе можат да се применуваат  во фармакоекономијата“, рече градоначалникот Бакрачески поздравувајќи ги учесниците на “1-от Македонски“ и 4-от Јадрански конгрес за фармакоекономија“.

Obrakanje_konferencija_Inex_4852

Градоначалникот Бакрачески синоќа  ги поздрави и  максилофацијалните  специјалисти учесници  на “Третиот Балкански и меѓународен конгрес за максилофацијална хирургија“ што се одржува во хотелот “Метропол“. На хирурзите од САД, Италија, Шпанија, Турција, Германија, Србија, Хрватска, Бугарија Словенија, Чешка , Романија, Грција, Албанија  и Македонија, градоначалникот Бакрачески  им посака успешна работа  со желба   да прошетаат низ Охрид и  да ги видат неговите убавини кои повторно ќе ги донесат  кај нас.

Obrakanje_konferencija_Metropol_4851

„И  покрај научните предизвици и  напорната работа кои  ве очекуваат  наредниве денови, не заборавајте да ги видите убавините на Охрид кои сум сигурен дека ќе останат запечатени во вашата меморија и секогаш ќе ве поттикнуваат да се враќате кај нас. Совршениот  склоп од традиционалното и модерно време, специфичното  културно и археолошко богатство  го прави Охрид привлечен во секој период од годината а наша заложба е постојано да ја збогатуваме туристичката понуда во која особено место зазема конгресниот туризам како и напорите да го развиеме здравствениот туризам“, истакна Градоначалникот.

Obrakanje_konferencija_Metropol_4852

Одржувањето на вакви настани од меѓународен карактер се особено значајни за понатамошниот успешен  развој на туризмот во Охрид.