Извонреден настап на Гоце Стевковски септет на „Долни Сарај“

Незаборавно доживување за љубителите на културата, синоќа приреди и музичкиот состав на Гоце Стевковски кој настапи на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот на Гоце Стевковски септет се одржа на сцената „Долни Сарај“.

Гоце Стевковски важи за еден од најквалитетните и најбараните македонски тапанари и перкусионисти. Настапувал со исклучителни уметници и бендови како што се Кирил Џајковски, „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, Бодан Арсовски, Зоран Маџиров и други.

Неговиот албум насловен како „Седум приказни“ носи индивидуален стилски и музички печат а е реализиран со некои од најквалитените македонски џез музичари. Стевковски настапува на бројни меѓународни фестивали меѓу кои „Егзит биар фест“, „Умбрија џез“ во Белград, „Грин фест“ во Инџија, како и на фестивали во Хрватска, Франција, Италија, Канада и во други земји. Учествува во повеќе работилници,проекти, театарски претстави и музика за филм.