Продолжуваат напорите на Општина Охрид за привлекување на странски инвестиции

Претставници од Секторот за туризам и локален економски развој заедно со  заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски и советникот за правни работи и информатички технологии Лазо Матовски, денеска на Главниот извршен директор на англиската компанија „Глацекс“, Тони Кларк му ги претставија  можностите за инвестирање во Општина Охрид.

На работната средба посебен акцент беше ставен на скијачкиот центар на Галичица при што пред англискиот гостин беа презентирани капацитетите за реализирање на ваков проект кој битно ќе ја подобри стопанската и туристичка слика во Охрид. Беше разговарано  и  за повеќето постоечки хотелски капацитети  и за можностите да се инвестира во нив како и за изградба и отворање на нови хотели.

Гостинот од Англија, заедно со претставниците од Агенцијата за странски инвестиции и од Секторот ТЛЕР, денеска ја посетија планината „Галичица“ на просторот каде е предвидено да се гради скијачкиот центар, а посетија и неколку постоечки хотелски капацитети во кои има потенцијална можност за инвестирање.

Del_stra_invest_4851