Генералниот секретар на меѓународната асоцијација на училишни спортови ја посети Општина Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, денес имаше работна средба  со Генералниот секретар на Меѓународната асоцијација  на училишни спортови, Јан Кулен, кој во Охрид престојува по повод големото спортско случување „Гимназијада 2014“, што вчера вечер свечено беше отворена на стадионот „Атина Бојаџи“.

На состанокот се разговараше за начините како Охрид да привлече поголем број млади спортисти од странство и за можностите за организирање на мали спортски олимпијади. Беа разменети мислења и за начините за користење средства од Европските фондови за организирање на меѓународни натпревари и за изградба на инфраструктурни објекти  за потребите  на спортот.

Инаку господинот Јан Кулен го поздрави начинот на организирање на спортското случување „Гимназијада 2014“ на која околу 1000 средношколци се натпреваруваат  во шест спортски дисциплини.