Матурантите денес под раководство на професорката Соња Думбалоска – Делова ја вежбаа кореографијата за овогодинешната Матурската Парада 2014, која ќе се случи на 23 мај (петок) на градскиот плоштад во Охрид.
„Интензивно се спремаме, се оди во најдобар ред, матурантите се спремни. Оваа година тука се матурантите од сите три средни школи, односно четири, бидејќи веќе од на есен Економското училиште ќе работи одделно.“ – изјави за WebOhrid, проф. Соња Думбалоска- Делова.
Дубалоска- Делова рече дека е многу задоволна од матурантите, од нивната зрелост, нивната коректност, од пробите.
„Досега се течи во најдобар ред, се надеваме дека ќе имаме многу добар настап и ги покануваме сите кои сакаат да ги видат, тоа им е последна – заедничка игра. Матурантите завршно со 23-ти мај го играат квадрилот во 12 часот на плоштадот пред паметникот на Св.Климент.“ – истакна Думбалоска- Делова.
WebOhrid