Завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје

За десетина дена завршува реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје и тој ќе биде пуштен во употреба. Започнува реконструкација на два нови автопата и тоа Куманово-Скопје и Смоквица – Гевгелија, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

„Реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје е во сам финиш. Треба да е готова за десетина дена. Се работи за инвестиција од седум милиони евра и за автопат долг 26 километри. Патот беше доста руиниран, имаше доста дупки, им правеше доста проблеми на возачите. За десетина дена би требало да е целосно завршен и пуштен во употреба“, рече премиерот.

Најави почеток на реконструкција на два други автопата од Куманово до Скопје и вториот од Смоквица кон Гевегелија, инвестиција вредна 20 милиони евра. Реконструкцијата на Смоквица – Гевгелија, како што кажа, поради технички причини беше одложена, но сега веќе ќе започне.