Реакција: ЈП „Билјанини Извори“ стопанисува и во иднина ќе стопанисува со целиот јавен паркинг простор во Охрид

Во врска со соопштението од ВМРО-НП кое се однесува на паркинзите, реакција испрати ЈП „Билјанини Извори“ во која стои:

„За жал и после стотти пат господата од ВМРО-НП никако да сватат и упорно ја манипулираат јавноста, или така од политички причини им одговара, дека јавните паркинзи не се даваат како што тие викаат на приватен сопственик. ЈП „Билјанини Извори“ стопанисува и во иднина ќе стопанисува со целиот јавен паркинг простор на територија на Општина Охрид.

Почитувани господа од ВМРО-НП, многу е лесно сега да се лицитира со опциите со кои би се набавила опремата се со цел модернизација на работата на јавниот паркинг простор, од кога го доведовте до чекор од затворање Јавното претпријатие во вашето 8 годишно владение со општината преку константното трупање на долгови и големата превработеност. Ние во овој момент го најдовме најдобриот начин како претпријатието да остварува поголем приход, а воедно да не сме изложени на дополнителни расходи. Иднината за многу брзо ќе докаже дека оваа одлука е во интерес на претпријатието и посебно на вработените и со тоа се надеваме конечно ќе ја суспендираме вашата константна „загриженост“ за ЈП „Билјанини Извори“ и јавниот паркинг простор.“ – стои во реакцијата од ЈП „Билјанини Извори“.