Од 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на Фудбалскиот Клуб Барселона.
Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“.
Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени:
- тренинзи со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА
- осигурување од повреди за време на тренинзите
- хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек, ручек, вечера плус ужина и пијалок
- спортска опрема (која не вклучува копачки)
- транспорт на учесниците на кампот од хотел до терените и назат (два пати на ден)
- аниматори во хотелот за цело време на кампот
Пријавувањето трае до 10 август.
Пријавување на маил:
fcbescolaohrid@gmail.com
Повеќе информации за кампот на ФБ страната: https://www.facebook.com/FCBEscola-OHRID-1900026710321609/