Шкендија ќе игра во Европа, Вардар не обезбеди „виза“!

Денес се одиграа натпреварите од последното коло од натпреварувачката 2013/2014 во Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Брегалница  0:0  Вардар

Еуромилк  1:1  Гостивар

Македонија ЃП  1:3  Металург

Напредок  0:0  Ренова

Шкендија  4:0  Пелистер

Турново  1:0  Работнички

Првото место го освои тимот на Работнички со 62 бодови, пред Турново со 60, Металург со 59 и Шкендија со 57. Работнички ќе игра квалификации за Лигата на шампиони, додека пак Турново, Металург и Шкендија ќе играат квалификации за Лигата Европа.

Вардар не успеа да победи на денешниот натпревар со што ги загуби шансите да игра на европска сцена.

Првата лига ја напуштаат Еуромилк, Македонија ЃП, Напредок и Гостивар.

WebOhrid