Утре градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку Месни заедници

Во рамки на посетите на месните заедници кои градоначалникот Никола Бакрачески, утре со почеток во 15 часот ќе биде во посета на Куратица, во 16 часот – Вапила – Ливоишта и 17:30 часот Косел.

На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.