Основците од „Христо Узунов“ – гости во емисијата „Голем одмор“ на МРТВ

Амбициозните ученици од основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид се претставија во емисијата „Голем Одмор“ во студиото на Македонската радио телевизија.  За време од 45 минути, благодарение на успешно направениот рекапитулар на настани и личности, подготвени од вештата рака на своите наставници, основците на сцената го реализираа својот талент. Резултат на тоа беше разновидната програма, збогатена од членовите на училишната музичка група, млади писатели, амбициозни математичари, така наречени „сезнајковци“, танчери на различна возраст, пеjачи, вешти виолинисти и флејтисти, ликовни уметници, спортистии капитени на синиот и црвениот тим кои го презентираа училиштето. Ова беше одлична шанса за младите ученици од О.У. „Христо Узунов“ од Охрид во најдобро светло да ги покажат своите таленти и гордо да го претстават училиштето.

Беше организирана и посета на Планетариумот, како и прошетка низ Скопје.


Ангела Маџар / фотографија и видео: дипл.ел.инг. Златко Китрозоски

www.webohrid.com