Македонската репрезентација во кајак на мирни води замина на Светски куп во кајак на мирни води кој се одржува од 23 до 25 мај во Сегедин – Унгарија. Боите на Македонија ќе ги бранат:
– Костантин Дејкоски во натпреварите на 1000 м. и 500 м.
– Илија Николиќ во натпреварите на 200 м.
Двајцата натпреварувачи се членови на кајак кану клубот „Црн Дрим“ од Струга.
Според раководството на комитетот за Спринт, секој резултат до 30-то место, во конкуренција од 700 натпреварувачи од целиот Свет ќе биде успех.