Охридскиот народен театар во петок ќе гостува на „Денови на комедија“ во Куманово

Народен Театар Охрид во петок, 16-ти октомври ќе гостува на фестивал „Денови на комедија” во Куманово, со хит претставата „Детектор за лаги“ во режија Ненад Витанов. Ова е 20-то јубилејно играње на претставата.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов.

Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

DT Lagi