Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во април 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на април 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолнa во однос на претходниот месец.
Oценката за обемот на производството во април 2014 година е понепoволна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во април 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во април 2014 година се зголемени во однос на март 2014 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2014 година изнесува 61.5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во април 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27.1%, недоволната домашна побарувачка со 17.4%, финансиските проблеми со 10.3% и неизвесното економско опкружување со 7.5%.