Под влијание на влажен бран од Медитеранот утре и во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи, се вели во вонредната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.
Пообилни врнежи се очекуваат во ноќта четврток спрема петок, кога се очекува за 12 часа локално да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Температурата позначително ќе опадне, во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота ќе дува умерен, а на места повремено засилен северозападен ветер.
Извор: Нет Прес