Во прекрасна атмосфера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, вчера беше отворен првиот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“. Многубројната публика уживаше во прекрасната изведба на талентираните млади актери-аматери од театарската група на Црвен крст Охрид кои ја изведоа претставата „Суд за морални вредности“. Фестивалот продолжува денес со изведба на две претстави од гостите на овој фестивал, театарските групи од Крагујевац и Ужице од Србија.